« Назад

Тефлонска (PTFE - политетрафлуороетиленска) технологија
07.12.2018

Тефлонска (PTFE - политетрафлуороетиленска) технологија кај запчести ремени претставена преку прашања и одговори

Во денешно време, не треба да ги гледате многу внимателно автомобилите на патот за да пронајдете еден опремен со ремен обложен со тефлон. Многу автомобили (на пример VAG TDI моторите – турбо дизел моторите на Фолксваген групата) веќе имаат ремен прекриен со тефлонски слој како дел од оригиналната опрема. Дури и на пазарот за автоделови замената на ваков вид на ремен се наоѓа се почесто и почесто. Време е да Ви понудиме некои факти за тефлонската технологија кај запчестите ремени.

 

ЗОШТО ДА ОДБЕРЕТЕ ЗАПЧЕСТ РЕМЕН ОБЛОЖЕН СО ТЕФЛОНСКИ СЛОЈ?

Поради се поголемата сложеност и оптоварување на моторите и средна температура од над 120 степени целзјусови кај мотор кој работи, потребата за ремени со зголемена издржливост станува се поголема. Една од напредните техники кои произведувачите на автомобили почнаа да ја користат е технологијата за прекривање на ремените со слој од политетрафлуороетиленски слој, т.е. тефлонски слој. PTFE е всушност генеричкото име за повеќепознатиот материјал ТЕФЛОН, од фирмата ДуПонт.

 

ЗОШТО СЕ РЕМЕНИТЕ СО ТЕФЛОНСКИ СЛОЈ ПОДОБРИ ОД ОСТАНАТИТЕ?

Со додавање на тефлонски слој врз запчаниците на ременот и/или од опачината се намалува триењето и стружењето на површината од ременот со што се зголемува животниот век и отпорност на истиот и намалена врева кај моторот.


(Потрошувачката на ремените по часови со (црвена линија) и без (црна линија) тефлонскиот слој)

Јасно се забележува намаленото стружење кај ремените со тефлонски слој

 

ЗОШТО НЕКОИ РЕМЕНИ СЕ БЕЛИ, А ДРУГИ ЦРНИ?

Ремените со тефлоска технологија можат да се најдат во разни бои, но највообичаено бели или црни. Бојата НЕМА апсолутно никаква функција врз работата на ременот.




Црна или бела облога – нема разлика во перформансот ниту пак функцијата

 

КАКОВ Е КВАЛИТЕТОТ НА ЗАМЕНИТЕ ШТО СЕ ПРОДАВААТ НА АВТОПАЗАРОТ?

Квалитетот на заменските ремени од автопазарот може да варира, односно многу да се разликува од еден до друг производ. Некои од нив имаат само тенок тефлонски слој на површината од ременот и таквиот слој, по продолжено оптоварување на моторот или на високи температури како и екстремно растегање на ременот, може лесно да се распадне оставајќи го основниот фабрички материјал на ременот лесно подложлив на абење. ПТФЕ ремените од фирмата Гејтс (Gates) имаат длабоконавлезен слој на тефлон внатре во самиот ремен покрај нормалниот тефлонски слој кој ја прекрива површината на ременот. Како последица на истото, тефлонот ја задржува својата функција низ сега продолжениот животен век на ременот. ПТФЕ ремените од фирмата Гејтс се лесно распознатливи со низок процент на триење / стружење на ремените и ниската врева кога работи моторот. Истите строго се држат до и ја задоволуваат побарувачката за оригинални делови.

 

ДАЛИ ФИРМАТА ГЕЈТС ПРЕТСТАВУВА НАБАВУВАЧ НА ОРИГИНАЛНИ ДЕЛОВИ?

Да, фирмата Гејтс се занимава со производство на PowerGrip ремени со тефлонски слој уште од раните 2000 год., и ги доставува на разни светски производители на автомобили (на пр. Алфа Ромео, Автоваз, Цитроен, Фиат, Форд, Хјундаи, Киа, Пежо, Рено, Сеат, Шкода, Волво, Фолкваген итн) како и за автопазарот. Доколку го знаете произведувачот/моделот/годината/моторот, верувајте им на Гејтс дека ќе го добиете ременот кој ќе пасува и функционира во вашата кола исто како и нејзиниот оригинален дел.

 


Популарни автопазарски ремени и делови со тефлонски слој од Гејтс вклучуваат:

модел

PowerGrip ремени

PowerGrip опрема

PowerGrip опрема за пумпа за вода

FIAT

Diesel 1.6

5598XS

K015598XS

KP15598XS

FIAT

Petrol 1.6 1.8

5603XS

K015603XS

 

FORD

Diesel 1.4 1.6 1.9

5569XS - 5598XS -

5587XS

K015569XS - K025569XS -

K045569XS - K055569XS -

K015598XS - K015587XS -

K025587XS

KP15598XS - KP15587XS

PSA

Diesel 1.4 1.6

5598XS - 5587XS

K015598XS - K015578XS -

K025578XS

KP15598XS - KP15578XS -

KP25578XS

RENAULT

Diesel 1.5

5578XS

 

K015578XS - K025578XS

KP15578XS - KP25578XS

RENAULT

Petrol 1.4 1.6

5662XS - 5671XS

K015662XS - K015671XS -

K025671XS

KP15662XS - KP15671XS -

KP25671XS

VAG

Diesel 1.2 1.6 2.0

5649XS

K025649XS

 

VAG

Diesel 1.4 1.9 2.0

5569XS

K015569XS - K025569XS -

K035569XS - K045569XS -

K055569XS - K065569XS

 

VAG

Petrol 1.0 1.4 1.6

5565XS

K015565XS - K025565XS -

K035565XS

KP35565XS

VOLVO

Diesel 1.6

5598XS

K015598XS

KP15598XS

 

 
 

 

 
страната најдобро се гледа со Mozilla Firefox 2.0 или понов и Internet Explorer 7.0 или понов, минимална резолузија 1024 x 768
Авто Лидер © 2008 Сите права задржани.   Дизајн: Аетерна